Тажен крај на евроромантичната приказна за македонскиот преставник Работнички кој долго ќе го памети гостувањето во Рим и тенискиот пораз од Лацио со 6-0.
И покрај целосната иницијатива од првата минута мрежата на Димитриевски се затресе прв пат во 20 минута и тоа преку Хернанес, додека 39 минута водството го дуплираше Маури.
Новајлијата во тимот на Лацио, Џибрил Сисе со првите голови во 51 и 66 минута ја зголеми предноста на домаќините.
Роки ја навести катастрофата на Работнички , а конечните 6-0 ги постави Мирослав Клозе во последната минута од мечот.
Реванш мечот кој ќе биде чиста формалност се игра на 25 август.