Во пожарот што се случи вечерва во модуларната болница во Клинилкиот цернтар во Тетово, која целосно изгоре, животот го загубиле најмалку лица, информираше пред малку министерот за здравство, потенцирајќи дека овој број може да не е конечен.
Во Тетово се случи несреќа која однесе повеќе човечки жртви. До моментов се потврдени десет загинати во пожарот, но бројката може да порасне. Ова е многу тажен ден, изразувам најдлабоко сочуство до семејствата.Лекарите се борат за животите на повредените, да им посакаме среќа и да останеме со мислите со нашите сограѓани вечерва. Апелирам до медиумите и граѓаните да не се шпекулира со бројките. Сите потврдени информации навреме ќе ги споделиме. – напиша министерот Филипче на Твитер.
На социјалните медиуми се огласи и премиерот Заев, кој посочи дека експлозија го предизвикала пожарот.
Огромна трагедија се случи во тетовскиот КОВИД-19 центар. Експлозија предизвикала пожар. Пожарот е изгаснат, но згаснаа и многу животи. Борбата за живот трае сѐ уште, a сите служби реагираа пожртвувано и спасуваат луѓе.
Изразувам најдлабоко сочуство до семејствата и блиските на починатите и посакувам брзо закрепнување на повредените.
Причините за пожарот ќе бидат утврдени, за што правосудните органи се веќе на терен.
Ова е навистина трагичен настан и можам да ве уверам дека целиот државен врв е посветен на брзо разрешување на оваа ситуација. Во моментов трае кризниот штаб во Општина Тетово. – напиша премиерот на официјалниот профил на Фејсбук.
Пожарот избил нешто по 21 часот, а поради материјалот од кој е изградена модуларната болница огнот многу брзо се ширел. Интервенирале триесет пожарникари со седум возила кои, за половина час го изгаснале пожарот, но предоцна за најмалку 10 пациенти кои ги загубија животите во страотната несреќа.
OhridNews