Според одлуката на Владата, турската компанија ТАВ треба да го преземе управувањето со охридскиот и скопскиот аеродром на 30-ти август. Засега Министерството за транспорт не добило известување за  ново пролонгирање на преземањето на аеродромите, откако тоа еднаш веќе беше направено во декември 2008 година.

Доколку се остварат најавите, идниот концесионер во рок од дванаесет месеци по преземањето на охридскиот аеродром треба да го реконструира и  прошири паркингот за нови сто и дваесет возила, да изврши реновирање, адаптирање и санирање на постојниот карго центар и да се изгради нов карго со капацитет од илјада метри квадратни.

Предвидено е и да се изгради нов ВИП објект и да се инсталира нов систем за навигација. Во реконструкцијата и подобрување на капацитетите на охридскиот аеродром предвидено е да се  инвестираат десет милиони евра.

Ohridnews