Најдоцна за месец и половина ќе започнат  градежните активности за модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, најави раководоството на турски ТАВ, концесионерот на македонските аеродорми,

Во тек се подготвителните работи за реконструкција и на скопскиот аеродром, а вкупната инвестиција за модернизација на македонските воздушни пристаништа е проектирана на   200 милиони евра.

Ревитализацијата на аеродромите  „Александар Велики“  во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид ќе ја раководи компанијата „ТАВ констракшн“, а во тек се преговори со повеќе македонски градежни фирми за ангжаман како подизведувачи.

OhridNews