Од денес „ТАВ Македонија“ во соработка со „ Македонски телеком’’ воведе бесплатен интернет на скопскиот аеродром „ Александар Велики“. Станува збор за бесплатен безжичен интернет кој е достапен во терминалната зграда и во вип-салонот на скопскиот аеродром, а кој патниците можат да го користат со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име: „ Telekom HotSpot“.

По поврзувањето на оваа мрежа, патниците преку интернет-пребарувачот на својот мобилен уред автоматски се поврзуваат со веб-страница на која преку кликање на иконата „ Поврзи се“ можат да го користат бесплатниот интернет, без потреба од впишување на лозинка.

Ваквото поврзување трае 30 минути, а после секоја сесија на интернет потребно е ново најавување на корисникот на безжичната мрежа.

Брзиот Интернет на „ Александар Велики“ е обезбеден од Македонски Телеком е придружен со корисничка заштита, што значи дека секоја несоодветна содржина како вируси и спам, ќе биде филтрирана.

OhridNews