Единствениот понудувач за добивање под концесија на аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Свети Апостол Павле“ во Охрид и за изградба на карго-аеродром во Штип е турската компанија ТАВ.
Според најавите на првите луѓе во компанијата, се очекуваат инвестиции во висина од 200 милиони евра, со кои македонските аеродроми ќе добијат регионални димензии и ќе привлекуваат поголем број патници.
Иако за добивањето концесија се пријавил само еден понудувач, сепак, согласно последните законски измени, постапката е валидна.
Ohridnews