Турската компанија „ТАВ“ до 1 март мора да отпочне со оперирање односно инвестирањето во македонските аеродроми, изјави  министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески кој викендов во Охрид имаше работна средба со претставници на транспортните компании.

– Со измените на Законот односно анексот, „ТАВ“ треба да започне да инвестира во Република Македонија од 1 март. Причина за доцнењето е финансиската криза што настана не само во Македонија. За ова ја имформиравме јавноста, а ние како Влада кажавме дека нема повеќе пролонгирање, на 1 март е последниот рок кога „ТАВ“ треба да започне со оприрање на аеродромите односно нивна изградба согласно договорот, рече Јанакиевски.

Договорот за издавање на македонските
аеродроми под концесија беше потпишан во септември 2008 година.
Концесијата е на 20 години, а „ТАВ” најави инвестиција од околу 200
милиони евра. Со договорот се предвидува реновирање на аеродромот во
Охрид, кое како што е најавено ќе трае 12 месеци. Скопскиот аеродром ќе
се реновира 24 месеци, а изградбата на карго аеродромот во Штип ќе трае
36 месеци.

Ohridnews