Таткото на Ријана (22), Роналд Фелти, признал дека му простил на Крис Браун (21) што брутално ја претепал неговата ќерка пред две години. Открива дека му било навистина тешко кога ги видел сликите од ќерка си по нападот.
-Изгуби навистина многу поради една глупава грешка. Затоа го жалам уште повеќе – вели Роналд.
Прв пат ја слушнал Ријана како пее кога имала три години во својата соба, а на седум години веќе пеела и во маалото во кое живееле. Тогаш го воодушевила својот татко. Крис Браун поради нападот на својата девојка добил 180 денови општо корисна работа, и пет години условно.