Таткото на Нејмар сакал да се пресмета со легендата на Манчестер Јунајтед, Ерик Кантона кој бурно и со низа провокации го прославил погодокот на Маркус Рашфорд со кој „црвените ѓаволи“ го совладаа ПСЖ 3-1 и обезбедија пласман во 1/8 финалето.
На провокациите од Кантона најжестоко одговорил таткото на Нејмар. Обезбедувањето во свечената ложа реагирало брзо и спречило поголем инцидент, кој сигурно ќе го засенеше големиот триумф и успех на Манчестер Јунајтед.
Нејмар, пак, во подтрибинскиот простор пробал да ги нападне судиите, а сопственикот на францускиот клуб ја искршил вратата од соблекувалната. ПСЖ тешко ги прифати поразот и елиминацијата, а со оглед на деталите кои излегуваат на површина „светците“ ќе имаат многу што да и објаснат на УЕФА.
OhridNews