Хатон Гибсон, таткото на познатиот актер Мел Гибсон  решил да поднесе барање за развод на бракот иако има 93 години, тврдејќи дека сопругата го малтретира. Хатон, кој е сериозно болен, поднел барање за развод од својата втора сопруга Теди, која од него е помлада дваесеттина години, а која тврди дека Хатон на ваков чекор бил натеран од Мел и неговото семејство.

Таа исто така навела дека Хатон е жив единствено поради лековите кои му ги дава неговото семејство, иако негова желба била одамна да престане да се лекува и да почине на мир.