Џо Џексон, таткото на починатиот крал на попот Мајкл Џексон, бил фотографиран во еден трговски центар во Лас Вегас како продава парфеми на производител кој без дозвола го користел името на неговиот син. Џо продавал парфеми како специјален гостин на сопственикот на штандот Џулијан Парис, но најлошо од се било тоа што “Bravado International”, компанијата која ги поседува правата да продава производи со името на Мајкл го тужела тој човек.
Имено, тој неовластено продавал ефтини парфеми користејќи го името на кралот на попот, па не било јасно од каде Џо се нашол во трговскиот центар. Џо Бил основач и менаџер на бендот “The Jackson 5”, во кој пееле неговите синови, и долго управувал со кариерата на Мајкл.