Мајкл Лохан во четвртокот со полиција се појавил пред куќата на неговата ќерка во Лос Анџелес. Американските медиуми пренесуваат дека тој е загрижен за нејзината сигурност, како и за сигурноста на нејзината сестра Али, која живее со актерката, па отишол да ги спаси. Мајкл изјавил дека Линдзи се наоѓа во ситуација опасна по нејзиниот живот, бидејќи во последно време претерува со посетувањето ноќни клубови и конзумирање алкохол.


Таа наводно на забавите пие алкохол во комбинација со лекови. Изјавил дека Али има само 16 години и дека Линдзи не е способна да се грижи за неа. Сепак полицијата одлучила дека Али може да остане со неа. Во меѓувреме пејачката од нападите на својот татко се брани на друштвената мрежа Твитер, на која објаснува дека со неа се е во ред.