Таткото на пејачот Крис Браун го советувал синот да ја прекине врската со Ријана, бидејќи се плашел дека во спротивно ќе има трагични последици. Клинтон Браун смета дека неговиот син и Ријана се премногу слични што не било добро за нив.


Тој за медиумите изјавил дека би сакал на таа врска да и дојде крајот. Бил загрижен дека неговото дете може „да си оди прерано“, како што бил случај со ѕвездите како Витни Хјустон и Мајкл Џексон. Како идеална девојка за Крис Браун ја навел пејачката Џордин Спаркс.