Моето дете ништо не може да го врати. Јас собрав од донации 200.000 евра, но сега сè е залудно. Велам дека не е точно тоа што се кажува за обидот да ја лекуваме Ева во Германија со цел некој во оваа држава нешто да преземе, вели во разговор за Независен весник Благојче Крстаноски, татко на 11-годишната Ева која почина пред да замине на лекување во странство, случај за кој вчера на прес конференција се огласија директорот на ФЗОМ Ден Дончев и министерот за здравство Венко Филипче.

– Треба да се направи сè за нашата трагедија да не му се случи на друго дете. Тие немаат чувство. Треба да се гледа најдобрата варијанта. Не е важно дали државата ќе потроши 100.000 евра помалку или повеќе ако спаси еден детски живот. Ние не сме единствен случај, има доста и ќе има. Јас се молам да бидат што помалку. Зборувам јавно зошто не сакам ова да се повтори и на друго дете – вели Крстаноски во изјава за „Независен весник“.

Таткото на Ева смета дека државата во ниту еден случај не постапила правилно при лекувањето на Ева: од третманот со хемотерапиите овде, до носењето на одлуката за одење во странство.

– Ако постапеа правилно, Ева сега ќе беше жива и ќе беше излекувана. И покрај тоа што нејзината болест се врати повторно, таа имаше шанса да се бори и да се излечи. Државата и Фондот не ни дозволија да ја лечам како што сакам – вели тој.

Повеќе…

OhridNews
извор: Независен весник