Мајката на Џесика Симпсон, Тина, поднела барање за развод од нејзиниот татко Џо, по 34 години брак. Причина е, наводно, тоа што поранешниот свештеник и сегашен менаџер на пејачката признал дека е хомосексуалец, а кружат и гласини дека имал афера со 30 години помладо момче. тина како причина ги навела непомирливите несогласувања, а портпаролот на семејството Симпсон истакнал дека бракот ќе заврши спогодбено и дека не е вмешана трета страна.
Родителите на Џесика го ставиле на продажба имотот во Калифорнија вреден 4,3 милиони долари. Џо Симпсон во август бил уапсен поради возење во пијана состојба. Како што пренеле медиумите, со него во автомобилот било и момчето за кое се сомнева дека е негов љубовник.