Таткото на Бритни Спирс, Џејми, до неодамна имал контрола над сите нејзини финансии, а сега таа улога, доколку така одлучи судот, ќе мора да ја дели со нејзиниот вереник Џејсон Тревик. Откако во 2008 година доживеала нервен слом, целиот имот и финансии на пејачката биле ставени под контрола на нејзиниот татко.


Меѓутоа, пејачката неодамна се обратила до судот барајќи старателството да се подели помеѓу нејзиниот татко и вереникот, што ги подгреало шпекулациите дека парот кој се верил минатиот декември оваа година ќе стапи во брак.