Еден 54-годишен Јапонец бил фатен во обид да положи испит наместо својот 20-годишен син.
Грижливиот татко, кој за таа пригода се нашминкал и ја извиткал косата за да изгледа помладо, поседува фирма за дистрибуција на лекови. Сакал на синот да му обезбеди дозвола за продажба на лекови за да можат да работат заедно. Измамата била откриена кога еден од испитувачите забеежал дека кандидатот изгледа прилично старо за 20-годишник, иако личел на човекот од фотографијата на пријавата.
Таткото чие име не било објавено, добил дозвола минатата година. На фотографијата која тогаш ја приложил имал права коса и носел очила.
„Овојпат ја извитка косата и не носеше очила“ – рекол претставник од полицијата. Таткото, кој на испитот дошол со стотина други кандидати, веднаш ја признал измамата и се извинил, тврдејќи дека се сам смислил без знаење на синот.