Во струшката Полициска станица, вчера, во 11.50 часот, 60-годишен маж, пријавил дека најверојатно од страна на машко лице насилно била одведена неговата малолетна ќерка, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Од преземените мерки добиени се сознанија дека девојката била во љубовна врска со пријавениот и неколку пати претходно одела кај него по неколку денови и се враќала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
OhridNews