Еден избезумен татко од баварскиот град Вајден повикал полиција на помош бидејќи не можел да ги смири своите три расплакани деца. Како што пренеле медиумите, таткото не успеал да се избори со своите петмесечни близнаци и двегодишната ќерка кои добиле напад на плачење.
Бидејќи не можел да ја добие нивната мајка на телефон, се јавил во полицијата. Кога полицијата го слушнала повикот на таткото, му понудиле неколку совети, но сепак го оставиле да се снајде самиот.