Еден милионер од Хонг Конг нуди 65 милиони долари за оној кој ќе успее да го освои срцето на неговата ќерка лезбејка, јавиле локалните медиуми. Сисл Чао оваа понуда ја најавил откако неговата ќерка Жижи се венчала во Франција за својата партнерка со која живее веќе седум години. Чао кој има 76 години рекол дека не е важно дали човекот е богат или сиромав, туку само треба да има добра душа.

Додал дека Жижи е добра жена, талентирана и многу убава. Била великодушна и се занимавала со волонтерска работа. Тој рекол и дека неговата ќерка сеуште не е венчана и дека гласините за нејзината свадба во странство се лажни. Истополните бракови не се признати во Хонг Конг кој важи за друштвено конзервативен град каде хомосекусалноста била декриминализирана во 1991 година. Самиот Чао, кој често се појавува во јавноста, се фалел дека имал интимни односи со 10 илјади жени.