На клиниката за токсикологија во Скопје, вчера вечерта бил нападнат доктор. Нападот го извтшил 32 годишен маж кој на клиниката дошол со малолетно дете. Причина за нападот билко тоа што докторот ги препратил на одделот за педијатрија каде имало дежурен лекар. Полицијата подоцна го пронашла и привела напаѓачот.
Нападнатиот лекар се здобил со посекотини на лицето и хематом. Бил хоспитилизиран, а по укажаната помош пуштен е на домашно лекување.
Нападот на лекарот на Клиниката за токсикологија го осуди министерот за здравство Венко Филипче.
За жал, ова не е прв ваков инцидент, лекарите често се изложени на вербални и физички напади. Да не заборавиме дека овие луѓе се грижат за нашите блиски и спасуваат човечки животи. Насилството не е решение и не смее да биде. Ги повикувам институциите целосно да го истражат случајот и соодветно да санкционираат. – напиша Филипче на социјалните мрежи.
OhridNews
ВМРО ДПМНЕ: Додека Филипче е министер се случија десетина физички напади врз лекари