Анонимен 42-годишен Пољак го возел својот син низ англискиот град Нотингем и му рекол за роденденот да си одбере која проститутка ја сака. За несреќа синот одбрал проститутка која всушност била полицајка на тајна задача.


Таткото тоа не го знаел па ги договорил условите со неа, а штом ги извадил парите го уапсиле. Синот го бранел на суд велејќи дека таткото тоа го сторил бидејќи тој сеуште бил невин. Го осудиле на 10 месеци условна казна бидејќи претходно не бил казнуван. Судијата рекол дека е обврзан да се грижи за синот, вклучувајќи го и моралот, а не да се грижи за неговото прво сексуално искуство.