Календарите знаат понекогаш да бидат многу интересни, па така британецот Џејмс Кларк и неговиот син Сејмус, оваа година заедно го прославиле својот единаесетти роденден. Џејмс всушност бил роден на 29 февруари во престапната 1968 година. Тоа значи дека досега прославил само десет родендени, бидејќи овој датум во календарите се појавува на секои четири години.

Оваа необична ситуација многу му се допаѓала на неговиот син Сејмус, кој наполнил 11 години, исто како и неговиот татко, кој сепак е четири пати постар од  него. Престапната година има 366 дена, за разлика од останатите кои имаат 365. Причина за тоа е усогласувањето на календарската со астрономската година. Така февруари, кој има 28 дена, во престапните години има по 29.