Британецот Енди Спирс-Корбет го изгубил контактот со таткото Грахам две години по разводот на неговите родители. Со години се барале еден со друг, но безуспешно, иако живееле на раздалеченост од половина час возење со автомобил. На Енди му се посреќило кога го внесол татковото име на социјалната мрежа Фејсбук.
Го нашол татко си и го познал по фотографијата. Му испратил порака и добил одговор по неколку дена. Бил пресреќен и изјавил дека интернетот е неверојатна работа. Се сретнале две седмици подоцна. Енди открил дека сега има двајца полубраќа. Таткото престанал да го посетува, бидејќи секогаш кога ќе го врател кај мајката, Енди не престанувал да плаче.