Еден млад австралиец добил главна премија на лотарија во исти ден со неговиот татко. Како што пренесуваат медиумите, таткото и синот заедно освоиле 195 илјади долари, заокружувајќи родендените на членовите на семејството. Среќниот добитник веднаш знаел дека и неговиот татко секогаш ги игра истите броеви.

Среќната вест му ја соопштил на Божик, бидејќи таткото во меѓувреме не успеал да ги провери броевите. На прашањето што ќе прави со парите, момчето рекло дека ќе ги потроши на својата свадба која ќе биде во јануари како и на свадбено патување. Рекол дека не планирале да одат на меден месец бидејќи немале пари, но сега се се променило и желбата ќе им биде исполнета.