Татко го извел својот дваесетгодишен син пред судот во Северна Нигерија поради мрзеливост. Барал од судијата да го казни бидејќи не слушал.


– Не е послушен и го срамоти целото  семејство. Уморен сум од неговите лоши постапки. Ве молам, сместeте го во затвор и ослободeте ме – рекол Самаил Тахир, трговец од североисточниот град Баучи.

На судијата, исто така, му рекол дека неговиот син одбива да оди на училиште и го обвинил дека припаѓа на локална криминална банда. Добил шест месеци затвор и 30 удари.