Американските и кинеските научници заеднички развиле тастатура која ги препознава начинот на пишување на сопственикот со тоа ја унапредува конвенционалната компјутерска сигурност. Некои луѓе типкаат со отменост на пијанист, а други по типките удираат како на тапан. Тастатурата која ја развиле експертите од технолошкиот институт во Џорџија и од кинеската академија на науки може да го искористи фактот што секоја личност типка различно. Таа „интелегентна тастатура“ може прецизно да ги идентификува корисниците во реално време врз основа на начинот на типкање.
Тоа го прави со претварање на потезите по тастатурата во динамични електрични сигнали, кои делуваат како своевиден биометриски попис. Научниците велат дека електричните сигнали генерираат врз основа на ритамот на типкање, брзината и навиките на типкање, големината на прстите, индивидуалниот боиелектрицитет, применетата сила врз типките и слично. Сигналите даваат прецизен, единствен и траен попис.