Четврта година по ред Македонија е домаќин на Балканското првенство во Бадминтон за играчи до 13 години. На овогодинешното првенство Македонија ќе настапи со вкупно 16 натреварувачи, во поединечна и во екипна конкуренција. 

Според селекторот Горан Тасевски, на ова првенство очекуваме борба за медалите на македонските репрезентативци :
–    Изминатите две првенства бевме освојувачи на бронзени медали во екипна конкуренција, очекувам оваа година да направиме чекор напред. Момчињата и девојчињата заедно играат и тренираат во последните три години, со оглед на тоа што за оваа генерација ова е последна шанса мислам дека ќе се покажат во добро светло, освојуваќи некое прво место.


Натпреварите се играат во спортската сала „Билјанини Извори“ а започнуваат од 9 часот наутро.

М.Постоловски