Ракометарите на Охрид во недела го пречекуваат лидерот на табелата Алкалоид. Капитенот на „Гладијаторите“, Иван Тасески, вели екипата на Кирил Лазаров е составена од голем број репрезентативци и со пожртвувана игра се надеваат на позитивен резултат.

Полека влегуваме во посакуваната форма. Се надевам дека со добра и пожртвувана игра ќе извојуваме позитивен резултат. Ги повикувам НГ „Рибари“ и охриѓани во што поголем број да дојдат да не бодрат за да оствариме позитивен резултат, додава Тасески.

Натпреварот ГРК Охрид – Алкалоид се игра во недела, 3 март, во салата “Билјанини извори” со почеток во 18:30 часот.

OhridNews