Второто коло од ракометната Супер лига ја носи дерби пресметката на езерските ривали Охрид и Струга. Домаќин на првото Езерско дерби оваа сезона е екипата на Струга.
Охрид е можеби благ фаворит на хартија, но тоа ништо не значи на вакви дерби средби, вели за Спорт+ на OhridNews, пивотменот на ГРК Охрид Иван Тасески.
За да се добие Езерското Дерби мора да се одигра добро, изјави Тасески.
Пред дерби средбата со Струга која се игра во четврток во Струга, со Тасески разговараме за предизвиците и чувството да се биде дел од вакви натпревари кои секогаш се чекаат со нетрпение и будат голем интерес во јавноста и кај навивачите.