Како никогаш до сега на охридските ракометари им е потребна помош од публиката на мечот со Тинекс Пролет во 13-та рунда во Супер лигата. Дуелот со второпласираната екипа е последен за „гладијаторите“ во есенската полусезона на домашен терен, а се игра в сабота со почеток од 19:30 часот.
– Ние сме сосема различна екипа кога игра на домашен и гостински терен. Поддршката од публиката ни значи многу, а се надевам дека на мечот со Тинекс Пролет ќе дојде во што поголем број. Јас и моите соиграчи со добра престава, врвен ракомет и борба да самиот финиш ќе им се заблагодариме за нивната лојалност – рече пивотменот Иван Тасески.
На последните два натпревари охридските ракометарии одиграа без победник и тоа против Пелистер 22-22 и против Овче Поле 26-26.