Капитенот на ГРК Охрид Иван Тасески го анализира претстојниот противник во Супер лигата. Екипата на Пелистер 2 составена е од млади дечки желни за докажување на теренот, има доста добра транзиција која мора да се застане за да се добие овој натпревар, вели Тасески пред мечот со Еурофарм Пелистер 2 што ќе се одигра во салата „Билјанини извори“ во сабота, 30 септември, со почеток во 18:30 часот.

Исто така, мора да одиграме доста добро и во одбрана, нивните брзи играчи да ги стопираме за да извојуваме победа. Ги повикувам охриѓани и навивачката група „Рибари“ да дојдат во што поголем број да ни дадат поддршка и да извојуваме победа на овој натпревар, додава Тасески.

OhridNews