Во рамки на 18 коло од Супер лигата ракометарите на Охрид ја пречекува екипата на РК Еурофарм Пелистер.

Во недела го играме првиот официјален меч на домашен терен во оваа полусезона, ни доаѓа шампионот на Македонија. Ние ќе го дадеме максимумот за да издвојуваме што подобар резултат. Ги повикувам охриѓани и навивачката група „Рибари“ да дојдат во недела во што поголем број да ни дадат поддршка и да уживаат во ракометниот натпревар, вели пикерот на ГРК Охрид, Иван Тасески.

Натпреварот се игра во недела, 16 февруари, во салата „Билјанини извори“ со почеток во 18 часот.

OhridNews