Потешко од очекувањата охридските ракометари стигнаа до втората победа во плејаут лигата совладувајќи го Текстилец со 25-22.

– Предвреме ги в пишавме трите бодови на нашето конто, а тоа можеше скапо да не чини. Добро е што нашето потценување не го искористи гостинската екипа, па со подобрување на играта во вториот дел стигнавме од планираните три бодови – рече еден од најдобрите ракометари во одбраната, Иван Тасески.

Токму одбраната која скоро пет минути не прими погодок во вториот дел беше иницијатор на пресвртот, кој на крајот донесе победа.

Мх.П.