ГРК Охрид се издигна над проблемите по серијата непосакувани резултати во разигрувањето и на најдобар можен начин одговори на прашањето дали и колку овој состав може во плеј-офот кој никогаш не бил поизедначен и понеизвесен. Пивотот на Охрид Иван Тасески во изјава за Охридњуз вели дека победата над Бутел 28:19, остварена вчера на домашен терен, е показател како треба да се игра во плеј-офот.
После неколкуте лоши порази се кренавме психички, влеговме максимално фокусирани на овој натпревар со многу добра одбрана од почеток. Уште тогаш направивме разлика и ја одржувавме до крај. Само така може да се добие еден плеј-оф натпревар. – исктакна Тасески.
До крај на плеј-офот има уште седум кола, а Охрид има шанси значително да го поправи пласманот. Можност за продолжување на надежите за висок пласман „гладијаторите“ имаат веќе во сабота на натпреварот со Еурофарм Пелистер 2, кој гостува во Охрид.
Оваа победа ќе ни влијае доста позитивно на атмосферата во екипата. Ќе одиме на секој меч на победа, па ќе видиме на крај каде ќе завршиме на табелата. – додаде Тасески.
На средина од плеј-офот Охрид е на 7 место на табелата со шест бода, еден помалку од следниот противник Е. Пелистер 2 и Бутел, со кого играме во последното коло на гости. Лидер на табелата и натаму е Вардар со 21 бод, колку што има и Еурофарм Пелистер, следи Алкалоид со 18 и Тиквеш со 10. На дното е Пролет со 5 бода.
Во 8 коло кое на програмата е претстојниот викенд се среќаваат:
РК АЛКАЛОИД – ГРК ТИКВЕШ 2014
РК ПРОЛЕТ 62 – РК ВАРДАР 1961
ГРК ОХРИД – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ
РК АЛКАЛОИД – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 1
РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ
ГРК ТИКВЕШ 2014 – РК ПРОЛЕТ 62
Г.М.