Охридските „гладијатори“ со отворен гард не плашејќи се од големината и квалитетот на противникот му се спротиставија на Вардар кој пак ги освои планираните бодови во „Билјанини Извори“.
– Задоволство беше да се игра против екипа каква што е Вардар која е меѓу топ пет екипи на стариот континент. Ние покажавме квалитет и голема самодоверба покрај нашиот противник кој доминира во македонскиот ракомет. Иако го изгубивме мечот ние сме победници во очите на охридските навивачи, затоа што не се предадовме пред почне мечот туку машки и храбро се боревме. За мене и за сите мои соиграчи ова беше непроценливо искуство кое сигурно многу ќе ни помогне во мечевите кои ни престојат во Супер лигата. – рече Иван Тасески.
Во втората рунда од плејофот во Супер лигата охриѓани гостуваат во Скопје кај составот на Металург. – Не очекува ист ваков натпревар како и со Вардар. Ќе одиграме со срце како што само ние знаеме и ќе пробаме да се носиме со момците од Лино Червар. – додаде миленикот на охридската публика.
После мечот со Металург ракометарите на Охрид ќе бидат домаќини на 1/4 финалето во Купот на Македонија каде ќе се сретнат со Тинекс Пролет, Прилеп и Вардар 2.
Охрид изгуби од Вардар, но не се посрамоти
Фото: Охридска порака за Вардар
Реакции по мечот Охрид – Вардар
Бодовите за Вардар, сите почести за „гладијаторите“, „рибарите“ и публиката (фотогалерија)
Фото: Емилио
Мх.П.