Поранешните ракометари на Охрид, Иван Тасески, Кирил Колев и Горан Печенковски стартуваа со подготовките во новите клубови Пелистер односно Металург.
Тасески и голманот Колев под палката на Касим Каменица ги започнаа подготовките во Битола. Пелистер подготовките за Супер лигата и Челинџ Купот ќе ги одработи исклучиво во Битола. „Зелено белите“ ќе учествуваат на меморијалниот турнир во Прилеп, а имаат закажано контролни мечеви со Охрид, Прилеп и Борец.
Тренерот на Металург воедно и селектор на македонската ракометна репрезентација, Лино Червар со прозивка и полесен тренинг во Автокоманда ги стартуваше подготовките.
„Металурзите“ за разлика од Пелистер ќе имаат подготовки надвор од својата сала и ќе учествуваат на ракометниот турнир во Струга. И сезоната која доаѓа Металург заедно со Вардар ќе го преставува македонскиот ракомет во Лигата на Шампиони.
Фото: Гол.мк
OhridNews