Ракометарите на Охрид пред своите гледачи ја забележаа осмата победа сезонава совладувајќи го младиот тим на Металург со 30-20.


Голобрадите момчиња на Металург пружија достоен отпор во првиот дел, кој „гладијаторите“ го добија со тесни 12-11.

– Премногу опуштено влеговме во натпреварот, а и го потценавме противникот што веднаш ни се одрази. Добрата организираност во вториот дел ни донесе водство кое го одржавме до крајот на натпреварот. – рече Иван Тасески.

Токму тој ја предводеше листата на стрелци со седум голови, а по четири реализираа Печенковски, Соколов, Вешоски и Караиванов.

Во последниот натпревар од регуларниот од Супер лигата охриѓани ќе се сретнат со Работнички во Скопје.

Мх.П.