Охрид ќе добие најсовремена атлетска патека, порачаа од Охрид преседателот на АФМ Цветко Грозданов и ген. сек. на МОК Сашо Поповски, на прес конференцијата по повод поставувањето на Мондо подлогата на Билјани Извори.

Соработката на АФМ и МОК резултираше со финализирање на проектот по кој Охрид ќе може да биде домаќин на разни атлетски натпреварувања од најголем карактер.

Поставувањето на патеката ќе се одвива во три фази – вели преседателот на АФМ Цветко Грозданов, прво треба да се “среди“ постојната патека, потоа да се извршат градежните зафати на стадионот, потоа ќе следува поставуваањето на патеката.


Ген. сек. на МОК, Сашо Поповски, информираше дека италинајскиот “Мондо“ ја поставил атлетската патека за Олимпјадата во Пекинг на која беа постигнати светски резултати. Поповски додаде  – Драго би ми било кога на охридската патека би се постигнувале барем приближно добри резултати како оние во Пекинг.  

Италијанскиот изведувач “Мондо“ преку својот претставник Лоренцо Перона дојде да го испита теренот во Охрид, по што ќе се даде конечниот збор кога работите на Билјанини ќе може да започнат.

–    Ова е почеток на проектот. Постојната атлетска патека треба да претрпи одредени корекци, нивелирање, израмнување. Откако ќе се корегираат недостатоците ние “Мондо“ ќе започнеме со поставувањето на патеката кое би траело од 4 до 6 недели – рече претставникот на Мондо, Лоренцо Перона.


Охридската атлетска патека ги задоволува светските стандарди, а по реализацијата на овај проект тежок околу 500 илјади долари се очекува Охрид да биде домаќин на бројни атлетски митинзи и натпреварувања

М.П.