Со санацијата на просторот за техничките дисциплни,(скок во височина, скок во далечина, копје ) финишира втората фаза од работите за поставување на тартан подлогата на СРЦ Билјанини Извори во Охрид. Изминатата недела под будното око на супервизорот Лоренцо Перона од италијанскиот Мондо, отстранети се сите недостаци, “испеглана“ е атлетската патека и дадено е зелено светло за доаѓање на “тартанот“.
– Во наредните денови ги очекуваме Мондо да пристигнат и да започнат со поставување на патеката. Временските услови се надевам дека ќе ни бидат наклонети, според разговорите што ги имавме за поставување потребно е темпертатурата да не падне под десетиот степен – вели Иван Цветкоски член на ИО на АФМ.
Италијанецот Перона кој во изминатата недела ја конторлираше работата и ги делеше последните инструкции е задоволен од квалитетот на сработеното и се надева дека Охрид со својата убавина ќе биде привлечен за атлетичарите при организирањето натпревари.
– За мене ова беше едно ново искуство и не беше тешко да се работи на македонската почва со македонскиот менталитет. Луѓето се пријателски расположени и имавме мошне успешна соработка. Охрид е прекрасен град и со поставувањето на модерната атлеска патека ќе биде магнет за атлетичарите – вели Перона кој бил дел од тимот на Мондо кој ја постави атлетската патека во Пекинг за потребните на Олимписките Игри минатата година.
По доаѓањето на Мондо, потребни ќе се уште петнаесетина дена за поставување на патеката како и нејзино обележување. Во зависно од временските прилики се очекува стазата да биде завршена до крајот на Ноември.
М.Постоловски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com