Таркан Селман го промовираше новиот сингл “Тиквко ми недостигаш“. Селман како талент се појавува на „М2 потрага по нова ѕвезда“ во полуфиналето 2004 година. Професионалната музичка кариера ја започна со настапот на „КАНЕОФЕСТ“ во 2005 година. Патот кон ѕвезденото музичко небо му го отвораат песните „Молитва“ –2005 година и „Ти ме излажа“ – 2006 година.
Како припадник на заедницата на Египќаните во Република Македонија воден од сопствените внатрешни доживувања, во 2008 година ја компонира неформалната химна „Египет ми недостигаш“.
Созревајќи како автор, композитор и изведувач, полека но сигурно ја гради својата музичка кариера. На повидок е и неговиот прв албум кој својата промоција треба да ја има некаде во доцната есен оваа година.
Слушнете ја новата песна на Таркан : “Тивко ми велиш“
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com