Тарчуловски вчера е префрлен во германскиот затвор, јавува „Макфакс“ повикувајќи се на извори блиски до него.
Хашкиот трибунал го прогласи Тарчуловски за виновен во јули 2008 година, затоа што командувал и ја планирал полициската акција во селото Љуботен, кога беа убиени тројца цивили етнички Албанци. Трибуналот го прогласи за виновен и за сурово постапување, како и за уништување на куќите и имотот на уште 13 етнички Албанци во истата полициска акција. Во мај 2010 година Трибуналот ги потврди вината и затворската казна на Тарчуловски.
Јохан Тарчуловски беше екстрадиран во Хаг во март 2005 година по барање на Трибуналот.
По 6-годишниот притвор во Шевенинген, Тарчуловски остатокот од казната ќе го отслужува во Германија.
Тој може да бара помилување откако ќе одлежи две третини од казната, односно најрано за три години.
извор: „Макфакс“