Министерот за здравство Арбен Таравари, денеска во раните утрински часови заедно со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски и Илир Вела, пристигнаа во Солун со цел да ги посетат и да се информираат за здравствената состојба на хоспитализираните пациенти.

Ги посетивме Општата болница Папаниколау и Воената болница во Солун и во овој момент можам да информирам дека сите пет пациенти примени во овие установи се во стабилна состојба. Изразувам искрена благодарност до нашите колеги во Солун, како и до грчкиот народ и владата, за нивната посветеност и поддршка, како и помошта која ни ја пружија во овие моменти, изјави министерот Таравари.

Посочи дека Министерството за здравство останува во постојана комуникација со сите надлежни институции и меѓународни партнери за натамошна координација и поддршка.

OhridNews