Последниот транспорт на пациенти на лекување надвор од држвата е денес. Веќе нема да има пренесување на пациенти за лекување надвор, дури може да чекаме и некој да се вратат во следните денови, рече на денешната прес конференција министерот за здравство Арбен Таравари.

Денес ќе бидат пренесени двајца пациенти во болници во Шведска предпладне, и после пладне уште тројца. Веќе нема потреба други пациенти да се лекуваат надвор од држвата. Добрата вест е што поминаа критичните 72 часа и нема ниту еден починат од повредените во трагедијата во Кочани. Вкупно се третираат 178 пациенти низ различни здравствени установи од кои 64 се во болниците во Македонија, 13 во приватните. Сите се во релативно стабилна состојба. Во моментот 101 пациент се третираат надвор од државата, посочи Таравари.

Во болниците надвор од држвата има 15 пациенти во Унгарија, во Србија 30, Грција 12, Турција 9, Унгарија и Австрија по 6, во Хрватска 5, Словенија 4, Литванија 4, Белгија 4, Италија 4, Полска 2 и за денес последното пренесување на уште 5 пациенти во Шведска.

Од денес хируршките сали ќе почнат да функционираат со онколошките пациенти, а од утре се надевам дека сите клиники ќе работат комплетно со сите програми, додаде Таравари.

 

Н.С.Ј.