Најмалку 1000 лекари недостасуваат во македонското здравство посочува во разговор за Гласот на Америка ресорниот министер Арбен Таравари. Министерот најавува вработување на 600 приватни специјализанти, како и изнаоѓање решение и за 1.200 здравствени работници ангажирани со договор на дело.

Минимум 1000 лекари ѝ се потребни на Македонија итно и неодложно, барем до крајот на наредната година, вели министерот за здравство Арбен Таравари во изјава за Глас на Америка.

Таравари нагласува дека за надминување на оваа состојба било донесенo и владино решение за вработување на 600 приватни специјализанти. Триста од нив дo крајот на оваа година, и уште триста наредната година.

Очекува до крајот на годината да се реши статусот и на уште 1200 други здравствени работници, од кои некои и по 10 години години работат со договор на дело. Со тоа вели дека ќе се направи голема работа за здравствениот систем.

Целиот текст на линкот.

OhridNews

извор. Глас на Америка