Сите пациенти што се лекуваат во државата и надвор од државата се во стабилна и добра состојба. Повеќето од нив се подобруваат. Од вкупно 20 што беа критични пациенти, денес констатиравме дека 10 пациенти се во потешка состојба, но се стабилни и надвор од животна опасност, информираше министерот за здравство Арбен Таравари.

Моментално во државата се лекуваат 72 пациенти, на Клинички центар се 34, во „8-ми Септември“ 15, во Градска општа болница 11, во Штип 1 пациент, во приватните болница во Систина 7 и во „Жан Митрев“ 4 пациенти. Надвор од државата се лечат 101 пациент. Вчера се испратени мал број пациенти надвор од државата. Денес имаме понуди од повеќе држави. Ќе видиме каква е состојбата на пациентите. Евентуално може максимум до 10 пацинети да се испратат, но можеби и нема да има потреба. Тоа треба да го одлучиме на состанок со колегите. Генерално состојбата е стабила и добра. Три пациенти беа испишани вчера. Утре се планира уште три пациенти да се испишат. Од идната недела се надевам ќе известуваме колку пациенти си одат дома, на домашно лекување, како и за пациенти кои ќе се враќаат назад во државава да продолжат со лекување тука, посочи министерот.

Во поглед на токсиколошките анализи кои ќе им се прават на пациентите кои се лечат во државава, Таравари рече дека на сите пациенти ќе им бидат направани анализи.

На сите пациенти ќе им бидат направени токсиколошки анализи од искусни тосиколози за да бидеме сигурни за нивно понатамошно лекување во домашни услови, потенцираше.

Одговарајќи на новинарско прашање, министерот посочи дека возачот на Брза Помош од Кочани кој почина по напорната ноќ кога се случи трагедијата ќе биде одликуван постхумно.

Н.С.Ј.