Бројката на пациенти кои се лекуваат моментално во болниците во државава и надвор од неа изнесува 162. Добра вест е што денес 10 од пациентите кои се лекуваат во држвата ќе бидат испишани. Вчера имше испишано тројца, рече на денешната прес конференција министерот за здравство, Арбен Таравари.
Моментално во Клиничкиот центар лежат 25 пациенти, во 8-ми Септември 12, во Градската општа болница 11 и во Штип еден пациент. Пациентите кои ќе се испишат денес се еден од Штип, еден од Детска хирургија, тројца од Торакална хирургија. Во Систина и Жан Митрев се лекуваа 9 пациенти, од нив 5 ќе се пуштат на домашно лекување, посочи Таравари.
Додаде дека 115 пациенти се на лекување надвор од државата, од нив во Србија 30 од кои двајца се екстубирани, во Бугарија 15 пациенти од кои 3 се екстубирани, посочувајќи дека сите се во стабилна состојба, но некои се покритични.
Во Грција на лекување се 12 пациенти од кои 2 се критични. Во Истанбул 6 пациенти се екстубирани, исто колку и во Анкара. Во Шпанија се 7 пациенти, во Австрија 5 од кои двајца се на обичен оддел. Во Унгарија се 6, од кои еден е фебрилен и еден со кашлица, другите во стабилна состојба. Во Хрватска се 5 пациенти, еден интубиран стабилен и други 4 се во сосема стабилна состојба. Во Словенија се 4 пациенти од кои 3 се во посериозна состојба. Во Литванија се 4 пациенти, еден е екстубиран значи во подобра состојба. Во Белгија се 4 пациенти сите во стабилна состојба. Во Италија се 4 пациенти, кои се веќе во добра сосотојба, следната недела може ќе зборуваме и за протоколи за враќање на овие пациенти. Во Шведска се 4 пациенти, двајца во сосема стабилна состојба и во Полска се двајца од кои само едниот е интубиран, истакна Таравари.
Потенцираше дека веќе нема да се праќаат пациенти надвор од држвата, а сите што се лекуваат во држвава се стабилни.
Десет пациенти по направени токсиколошки анализи ќе продолжат дома да се лекуваат. Денес разговаравме и за враќање на пациентите. Имаме најави од одредени држави дека пациентите веќе се во добра состојба. Разговаравме да подготвиме протоколи за нивно враќање, тие што ќе бидат во сосоема добра состојба по преглед од наш доктор ќе може да се пуштаат дома. Следното со кое ќе се соочуваме со инфекциите кај пациентите и тие кои се лечат надвор и тие кај нас. Затоа ќе бидеме внимателни да превенираме максимално што можеме за да нема компликации. Од сите пациенти, освен еден во Турција кој е во многу сериозна состојба, другите се во сериозна, но стабилна состојба, вели Таравари.
Во поглед на лекувањето на пациентите во болниците надвор од државата, рече да не се шират шпекулации и да се собираат средства, бидејќи во 99% е бесплатно лекувањето.
Како Влада обезбедивме средства за по двајца родители или членови на семејства да патуваат и да се вратат и плус сместувањето во сите држави каде има пациенти, додаде Таравари.
Н.С.Ј.