Вкупно 23 пациенти се лекуваат во државава, а над 20 пациенти се веќе на домашно лекување, соопшти на денешната прес конференција министерот за здравство, Арбен Таравари. Како што посочи од нив во Клинички центар се само 4 пациенти, 2 на Пластична хирургија и 2 на Токсикологија, во старата Градска болница 6 пациенти, 9 во „8-ми Септември“ од кои еден е за испис и 4 во Сиситина.

Сите пациенти се во стабилна и добра состојба. Од пациентите кои се лекуваат надвор од државата имаме добри вести дека денес се 113. Вчера еден пациент е вратен од Србија и една пациентка од Бугарија. Уште една добра вест е што денес се враќаат 5 пациенти, 4 од Шпанија и еден од Грција. Ќе бидат сместени првите 24 часа како што е предвидено по протокол во клиниките каде сметаме дека треба да бидат под надзор. Ако треба да се пуштат дома ќе бидат пуштени, ако треба да продолжат со лекување ќе останат на клиниките, рече Таравари.

До сега, потенцираше дека е најавено враќање на уште 4 пациенти, а со петте пациенти кои доаѓаат ќе останат 108 пациенти кои се на лекување надвор од државата.

Трендот на пациенти кои се подготвени да се враќаат се повеќе ќе се зголемува. Се надевам дека до крајот на неделата ќе имаме уште 7-8 пациенти. Повеќето пациенти се со изгореници, нема други повреди, барем од добиените информации. Четворица пациенти продолжуваат да се во критична состојба, но засега стабилна. Засега планираме пациентите кои доаѓаат да ги прифатиме на клиниките во Скопје. Потешките пациентите, на кои им треба подолг период на рехабилитација можеби ќе бидат и надвор од држвата на рехабилитација. И тука планираме во внатрешноста да направиме некој Центар за пациентите на кои ќе им треба подолга рехабилитација. Во моментов сеуште немаме определно Центар, но размислуваме за две три можни опции, додаде министерот Таравари.

Н.С.Ј.