Тара Реид моментално се наоѓа во Мајами и судејќи по нејзините објави на друштвените мрежи, добро се забавува. Меѓутоа, актерката на плажа привлекувала внимание со својот преслаб изглед. Коските и се познавале на сите страни, а погледот на нејзиниот задник открива кожа која виси. Иако обожавателите и претходно изразувале загриженост поради нејзиниот излгед, Тара очигледно е задоволна. Имено, актерката која има 29 години тврди дека едноставно така е градена.
Таа кон крајот на минатата година изјавила дека е ситна девојка и дека постојано само јаде. На медиумите им порачала дека доколку сакаат да ја критикуваат поради тоа што е слаба, само да повелат. Ѕвездата на Американска пита додала дека иако е слаба сакала да има стомачни мускули. Затоа отишла на липосукција која не минала во најдобар ред. Вели дека никогаш повеќе нема да прави интервенции на своето тело бидејќи не знае како ќе се чувствува за неколку години. Моментално била задоволана со своето тео, но психичката и физичката болка по операцијата биле грозни. И било многу тешко кога сите и зборувале дека телото и изгледа лошо.