Што е Tapni?
Tapni е бренд кој има три видови на производи и сите имаат функција на дигитална визит картичка со вграден NFC чип кој функционира со допирање врз смарт телефон (iOS или Android) со NFC поддршка.
Со самото допирање на Вашиот Tapni производ Вие ги пренесувате податоците (профили на социјални мрежи, веб страна, мени, Google Review, телефонски број, адреса, маил, Instagram, LinkedIn, TikTok,…) на телефонот на Вашиот колега, познаник, соработник…
Тие податоци автоматски се зачувуваат во Contacts именикот на телефонот на тој што му ги пренесувате без оглед дали тој ја има инсталирано апликацијата.
Како првично дојде до идејата за Tapni?
Идејата за Tapni се развива од тројца студенти од Србија кои работат и студираат во Виена, Австрија, за време на Covid пандемијата. Генерално, целта беше оваа група млади луѓе да создадат идеја, а потоа бизнис кој ќе биде софтверски ориентиран и кој ќе овозможи светот да напредува и да создаде нешто вредно за внимание. Tapni во форма на NFC дигитална визит-картичка беше вистинскиот потег кој многу брзо се прошири низ цела Европа.
Статистика на Tapni до денес и за кого е наменет овој производ?
Тапни има над 200.000 корисници во над 90 земји во светот, а дневниот број на корисници е околу 40.000.
Тапни започна како B2C компанија, односно бизнис до потрошувач. Се уште можат да го користат и крајни потрошувачи за разни цели на споделување на профили од социјални мрежи (Instagram, TikTok и сл.) меѓутоа, како што одминува времето, развојот на нашите производи и услуги е најмногу под влијание на компаниите како клиенти и затоа станавме B2B компанија, односно „бизнис до бизнис“.
Компаниите се тие на кои им е потребна дигитална визит-картичка не само затоа што е интересна и предизвикува WOW ефект поради NFC технологијата, туку и затоа што компанијата може значително да ги намали трошоците со прифаќање на дигитални визит-картички, на долг рок. Покрај тоа, имате можност самите да управувате со картичките, и ќе забележите вистински поврат на инвестицијата со дигиталните визит-картички, да соберете повеќе контакти на едно место и да имате единствена база на луѓе што ги познавате. Многу други апликации кои се поврзани со бизнис, запознавање и контакт се премногу опширни. Ако го земете LinkedIn како пример, веројатно не знаете лично над 80% од вашите контакти. Кога станува збор за Tapni, вашата листа со контакти се состои практично само од луѓе кои сте ги запознале некаде: на конференција, семинар, предавање, така што добивате единствена база на луѓе кои стануваат ваш водечки интерес и имате можност да развиете поконструктивни партнерства, соработка итн.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ Tapni ПРОИЗВОДИТЕ
Дигитални визит-картички со можност за персонализација, Tapni стикери и Tapni привезоци.
Поврзувањето никогаш не било полесно!
Сите Tapni производи ја имаат истата функција. Работат на база на NFC чип.
Едноставно допрете го Tapni производот на друг телефон и споделете ги вашите социјални мрежи, веб-локација, контакт или информации што Вие сакате да ги споделите.
Tapni стикерот кој лесно се прикачува на задниот дел од телефонот ви овозможува лесно споделување со само еден допир на друг телефон.
Каде и да одите, привезокот Tapni ќе биде ваш сопатник! Не пропуштајте ја шансата да ги импресионирате сите што ќе ги сретнете со Вашиот привезок Tapni!
Зошто Tapni производот ја надминува конкуренцијата, што друго се нуди?
Брзо сфативме дека не е доволно да се има една алатка во време кога секоја компанија има свој пакет на услуги, т.н. Suite. Можноста лежи во создавањето на повеќе услуги, кои можеме да ги поврземе и интегрираме меѓусебно и со други платформи. Така, направивме веб апликација за управување со дигитални визит-картички, која им овозможува на компаниите чии вработени користат стотици наши визит-картички да имаат преглед на корисниците, нивните активности, аналитика на посети на профили, најкористените линкови, интеграција со други софтверски услуги, персонализација на апликацијата Tapni, темплејти за Google/Apple Wallet и за QR кодови.
Сега ќе ги интегрираме сите овие функции во мобилната апликација и ќе лансираме модел на претплата за нашата постоечка мобилна апликација. Создадовме и алатка за креирање потписи за е-пошта, кои може да се поврзат со нашата платформа, како и AI генератор со кој се скенираат хартиени визитки и се зачувуваат во Вашиот именик на телефонот како и генерирање на QR кодови.
Колку пазари покривате сега? Каде имате канцеларии?
Нашите канцеларии се во Виена, Австрија, каде што е нашето главно претставништво за европскиот пазар. Дополнително, имаме претставништва во: Мексико, Колумбија, Саудиска Арабија, Србија, Македонија, а планот е официјално да отвориме претставништва во Турција, Чиле, Перу, САД, Јужна Кореја и Австралија.
Кои се плановите за во иднина и која е крајната цел?
Плановите за иднината се насочени кон достигнување на најширок можен пазар. Дури и сега, нашата картичка веќе пристигна на многу места на планетата, но сакаме да ги зајакнеме нашите можности за продажба и дистрибуција со отворање нови канцеларии низ целиот свет.
Исто така, ќе отвориме нови продажни канали на повеќе континенти и дополнително ќе го зголемиме производството.
Веруваме дека наскоро ќе можеме да создадеме картичка која ќе биде се-во-едно – нема да има потреба да имате 15 картички во вашиот паричник – сите платежни системи, системи за трговија и купување, како и лични карти , пасоши, возачки дозволи, сето тоа ќе може да се интегрира во една картичка, која ќе може истовремено да се смести во вашиот паричник на Google/Apple и секогаш да ви биде на дофат. Замислете само каков софтверски екосистем може да се создаде со тоа и колку пари и материјали може да се заштедат во кој било владин, правен или кој било друг систем и тие пари се вложуваат во развој на дигитален сервис, кој нема граници.
За да погледнете како функционира и се сетира Tapni картичката КЛИКНЕТЕ ТУКА
Се уште го немате Вашиот производ од иднината?
Нарачајте Tapni производ на:
[email protected]
+389 75 498 328 (понеделник – сабота од 09:00 до 16:00 часот)
OhridNews/PR